Кога влегуваат во осигурителна компанија, македонските граѓани предност им даваат на своите автомобили, пред сопствениот живот и домот. Според Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурувањето за состојбата и движењето на осигурувањето во државата во 2011 година, во вкупната бруто-полисирана премија, најзначајно учество има осигурувањето од автомобилска одговорност (со 47,96%), заедно со доброволното, каско осигурување на моторни возила на кое отпаѓаат 11,49%. Потоа, следува осигурувањето на имот од пожар, природни непогоди, кражби и други ризици со 18,30% и осигурувањето од последици на несреќен случај со учество од 7,96%. За осигурувањето на живот се издвојува најмалку и на овој тип осигурување отпаѓаат 7,30% од бруто полисираната премија на сите осигурителни компании.
Кога влегуваат во осигурителна компанија, македонските граѓани предност им даваат на своите автомобили, пред сопствениот живот и домот.
Според Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурувањето за состојбата и движењето на осигурувањето во државата во 2011 година, во вкупната бруто-полисирана премија, најзначајно учество има осигурувањето од автомобилска одговорност (со 47,96%), заедно со доброволното, каско осигурување на моторни возила на кое отпаѓаат 11,49%. Потоа, следува осигурувањето на имот од пожар, природни непогоди, кражби и други ризици со 18,30% и осигурувањето од последици на несреќен случај со учество од 7,96%. За осигурувањето на живот се издвојува најмалку и на овој тип осигурување отпаѓаат 7,30% од бруто полисираната премија на сите осигурителни компании.
Но, ова не значи дека автомобилот има поголема цена од животот. Распоредот на приоритетите не е желба на граѓаните, туку произлегува од обврските што ги имаат и секако, од парите со кои располагаат. Секој кој поседува регистрирано возило мора да го осигура од автомобилска одговорност, зашто на тоа е законски обврзан. Каско осигурувањето е доброволно, но не во целата смисла на зборот, зашто и тоа е обврска на која наведуваат банките кога дават кредит за купување автомобил и во тој случај е задолжително за целиот период додека се отплатува кредитот. Така, осигурувањето на домот и животот се спуштаат подолу на приоритетната листа за осигурување и такви полиси обично се земаат кога во домашниот буџет ќе остане некој денар.
Освен што е најбројно, осигурувањето од автоодговорност е и со најголем раст во 2011 во однос на 2010 година. Се зголемило за 6,6% и достигнало 3,26 милијарди денари, а Агенцијата за супервизија на осигурувањето објаснува дека се должи на мерката на Владата за увоз на половни возила во 2010 година и на обврската за регистрација на возилата со странски таблички.
Иако лани во однос на преклани компаниите собрале помалку пари од осигурување на имот, па во тој дел има пад на бруто-полисираната премија од 2,47%, другите податоци укажуваат дека кај граѓаните полека се развива свеста за тоа колку е важно осигурувањето на имотот што се поседува.
- Овој резултат се должи на пониската цена на осигурувањето која ја нудат друштвата за осигурување поради поострата конкуренција, што се гледа од бројот на склучени договори кој изнесува 63.860 во 2011 година и 56.176 во 2010 година, што претставува пораст од 13,68% - се објаснува во Извештајот на Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Слично е и со каско осигурувањето, каде паѓа сумата на осигурување, а се зголемува бројот на издадени полиси.
Граѓаните се повеќе си го ценат и животот. Животното осигурување, кое е релативно нов производ на нашиот пазар и го даваат само четири од вкупно 15 осигурителни компании, лани пораснало за цели 40,19%, а бројот на договори се зголемил за 32,53%. Растот во 2010 година бил 17,85%, а во 2009 - 12,80%. Растечкиот процент пред се се должи на појавата на две нови компании за животно осигурување на македонскиот пазар.
Сите видови на осигурување македонските граѓани и фирми ги добиваат од домашни осигурителни компании, но 83,3% од нивниот капитал е во рацете на странци. Странските инвеститори се делумно или целосно присутни во 14 од вкупно 15 друштва за осигурување на пазарот, додека само едно друштво за осигурување е во целосна сопственост на домашни инвеститори. Од четиринаесетте друштва за осигурување во сопственост на странски инвеститори, девет се дел од осигурителни групации со седиште во земји-членки на Европската унија.